RSS
Добредојдовте! Ова е официјалниот блог на театарската трупа „Словото“. Дознајте за најновите проекти, а воедно присетете се на старите добри спомени.

Јубилејно десетто прикажување на претставата „Мозаикот наречен Велес“



Синоќа ја одиграа десеттата претстава пред своите сограѓани во која им раскажаа легенди поврзани со родниот град. Јубилејно одиграната театарска претстава „Мозаикот на Велес“ за актерите аматери од театарската трупа „Словото“ претставува успех затоа што над три илјадна публика, досега, ги слушна и виде како тие ги говорат репликите, дијалозите и монолозите поврзани со оживеаните личности, настани и места од родниот град. Потоа скромниот љубилеј одлучија да го одбележат со забава што сами си ја организираа во објектот на Пензионерскиот дом во Велес.

И ништо не беше по различно од нивните настапи на сцената. Беа мотивирани за да ја растегнат хармониката, да музицираат на гитарата и да чукаат на тарабуката. Додека ударите со две шаки на тарабуката на Кристијан Јорданов го одредуваа ритамот, милозвучните тонови се разлеваа од хармониката на Кире Ацевски а поддршка добиваа од гитарата на Никола Стојменов сите останати единаесет актери аматери беа на оро и во еден глас ги пееја македонските народни песни. Пензионерите ги поддржаа.


„Велешани, оние кои ја видоа претставата веќе не запираат на улица за да ни кажат:Знаете ли колку нови работи научивме за Велес. Особено ми е драго за наставничките и учениците кои дојдоа и ја проследија претставата. Тоа ни беше целта на некои легенди да потсетиме, да разјасниме делумно познати и прикажеме нови, воопшто непознати а поврзани со нашиот роден град. И нема да застанеме тука. Оваа претстава ќе ја конкурираме на други фестивали дома и се надевам ќе ја однесеме во странство затоа што со неа го промовираме родниот град. Имаме проблем со финансирањето додека желбата за работа на држи максимално ,“ рече актерката Весна Димитрова Бобевски. Таа ја режираше претставата „Мозаикот на Велес“.
Инаку претставата е работена според легендите кои вредно, според кажувања на велешани, ги собирал и запишувал велешанецот Љупчо Данов.
„Претставата е пресек на историјата на Велес. Составена е од десет легенди поврзани со личности кои низ вековите живееле во градот низ сокаците, во чаршијата, на пазарот. Преку нив децата актери ја раскажуваа приказната за гемијата, за малку познатите факти поврзани со животот и творештвото на нашиот Кочо Рацин или откриваа нови личности, места, настани поврзани со родниот град. Сите нив сум ги запишувал, независно дали ми ги раскажале сограѓани или пак сум ги дознал прелистувајќи документи во Македонија или архивите во Турција. И особено ми е драго што за нив прво слушнаа велешани. Така одлучив иако имам понуда од Турција за нивно публикување. Сепак прво сакам тие да бидат прочитани на македонски јазик,“ рече Донев.
Тој и Димитрова Бобевски открија дека годинава во август, на чествувањето на празникот Свети Великомаченик Пантелејмон ќе следи нов проект, нова театарска претстава поврзана со изградбата на велелепниот сакрален објект. 
превземено од дума.мк

0 comments:

Post a Comment

 
Copyright 2009 Словото. All rights reserved.
Free WordPress Themes Presented by EZwpthemes.
Bloggerized by Miss Dothy