Членови на „Словото“ учествуваа во промоцијата на поетската книгата „Песната на ѕвездите“
Tuesday, August 18, 2015
Јубилејно десетто прикажување на претставата „Мозаикот наречен Велес“
Синоќа ја одиграа десеттата претстава пред своите сограѓани во која им раскажаа легенди поврзани со родниот град. Јубилејно одиграната театарска претстава „Мозаикот на Велес“ за актерите аматери од театарската трупа „Словото“ претставува успех затоа што над три илјадна публика, досега, ги слушна и виде како тие ги говорат репликите, дијалозите и монолозите поврзани со оживеаните личности, настани и места од родниот град. Потоа скромниот љубилеј одлучија да го одбележат со забава што сами си ја организираа во објектот на Пензионерскиот дом во Велес.
Премера на перформансот „1840 - почетокот“
Posted in
Labels:
Вести
Членовите на театарската трупа „Словото“, Кристијан Јорданов, Александар Арсовски и Кире Ацевски учествуваа во перформансот насловен како „1840 - почетокот“ кој премиерно пред велешката публика го изведа пред црквата Св.вм. Пантелејмон.
Темата на перформансот беше претставување на градењето на црквата, како Андреја Дамјанов заедно со група велешани успеале да го надмудрат турскиот инспектор за да ја добијат дозволата за градење, а потоа следуваше монолог за дедо Дано, кој го изведе Кристијан Јорданов.
„Словото“ зема учество во манифестацијата „Топол културен бран 2015“
Со согласност од Министерството за култура, Општина Чашка го реализира Проектот од национален интерес во културата - Манифестација ,,Топол културен бран 2015 година. Под покровителство на Министерството за култура на плоштадот во Населба Чашка беше изведена Претставата за деца ,,Лисицата и Волкот се надмудрувале,, а со поддршка од Општина Чашка проектите со наслов ,,Мулти медијален поетски перформанс,, и Културно драмско истражување ,,Моја култура моја гордост,,
Изведбата ја реализираа Детското драмско студио и Здружение за културни и верски манифестации „Слово“ во режија на Весна Димитрова-Бобевска, автор на текстот Љупчо Донев, а за кореографијата се погрижи Антонио Ковачев
Преку традиционалната манифестација „Топол културен бран“, што веќе по осми пат со поддршка oд Министерството за култура се организира во општините низ државата, им овозможува на граѓаните да проследат повеќе културни настани и активности
За да ги погледнете фотографиите од настапот притиснете ТУКА
Настап на Драмскиот Аматерски Фестивал во Кочани!
Членовите од театарската трупа „Словото“ учествуваа на ДАФ во Кочани со театарската претстава „Мозаикот наречен Велес“.
За да ја погледнете галеријата со фотографии од настапот на ДАФ притиснете ТУКА
„Игри без маска-театар без дискриминација“ - Доделување награди
Театарската трупа „Словото“ за време на финалето на овој интернацонален фестивал се претстави со краток инсерт од животот на нашите баби и дедовци, т.е со еден обичен пазарен ден, каде што се случуваат многу згоди и незгоди, каде што се купува и тоа што не е на продажба. Доделувањето на наградите се одржа во Македонскиот народен театар.
За да ги погледнете фотоградиите од финалето на фестивалот притиснете ТУКА
Фотографии од настапот на фестивалот „Игри без маска-театар без дискриминација“
Театарската трупа „Словото“ повторно докажа дека сака нови предизвици. Овој пат успешно ја реализираа претставата „Приказни од стар Велес“, заедно со лицата од здружението за церебрална парализа и ја претставија пред публиката во Македонската опера и балет. На овој начин преку дружба и секако преку театар, овие две групи на деца се зближија и станаа добри пријатели, затоа што за сите нив театарот е најголемата љубов. На фестивалот учествуваа повеќе театарски трупи, но „Словото“ беа единствени со свој оригинален текст за нивниот град Велес.
Во продолжение следуваат фотографии од настапот на фестивалот...
Песната на ѕвездите
Posted in
Labels:
Вести
Monday, August 17, 2015
Членовите на театарската трупа „Словото“ приредија поетско-драмски прформанс во чест на Велешките поети Веле и Нада Алексоски. За време на перформансот преку најразлични начини и со навистина инспиративни техники членовите ги раскажаа поетските доживувања на уникатен начин преку соодветна игра. Освен поезија, програмата беше потполнета и со монолог од Веле Алексоски за неговиот живот на село.
Интервју со актерската екипа од „Мозаикот наречен Велес“
Средношколецот Александар Арсовски од Велес е дел од актерската екипа во драматизацијата „Мозаикот на Велес“. Во претставата тој игра три лика, фотографот Јозеф Секељ, Гоце Делчев и еден комичен лик од пазарот на стар Велес. Најголема возбуда кај него предизвикал ликот на Гоце Делчев но и најголема одговорност како што вели, на автентичен начин да го долови животот и делото на еден македонски јунак кој се борел за слободна Македонија.
Subscribe to:
Posts (Atom)





















