Со претставата „Приказни за стар Велес“, младите актери од театарската трупа „Словото“ од Велес ќе настапат на интернационалниот драмски фестивал за деца и млади со и без посебни потреби „Игра без маски-театар без дискриминација“.
Фестивалот започна вчера и се одржува во Македонскиот народен театар во Скопје. Нивната менторка актерката Весна Димитриевска Бобевски вели дека претставата не може да помине незабележана бидејќи досега имаше позитивни критики од еминентни актерски имиња.
„Јас очекувам награда. Не верувам дека ќе поминеме незабележани. На фестивалот ќе учествуваат многу други претстави и ќе бидат присутни врвни имиња како жири, така да сигурна сум дека ќе добиеме награда“, рече Димириевска Бобевски.
Наградите за најдобрите тетатарски трупи ќе се доделат утре во 12 часот во новата зграда на МНТ во Скопје, каде сите учесници ќе се претстават со три минутен перформанс пред публиката и жири комисијата.
Инаку со оваа претстава која неодамна ја воодушеви велешката публика, нашите талентирани деца ќе се претстават и на фестивалот во Кочани.
Превземено од Дума.мк








0 comments:
Post a Comment