RSS
Добредојдовте! Ова е официјалниот блог на театарската трупа „Словото“. Дознајте за најновите проекти, а воедно присетете се на старите добри спомени.

Менторката на ТТ „Словото“ добитничка на деветоноемвриска награда од град Велес




Деветоноемвриска благодарница од градот доби и актерката Весна Димитрова Бобевски за својот долгогодишен професионален ангажман во театарот како и за откривање на млади талентирани деца за глума, за работата со нив и откривањето на талентите. 
Таа на театарската сцена има одиграно повеќе од сто претстави, но не помалку значајни се и нејзините улоги на филм, во телевизиски емисии и во македонските народни приказни. Димитрова Бобевски е првата актерка која со театарскиот израз пантомима ја претстави Македонија на светските фестивали во Украина, Мароко, Ерменија, Италија а нејзиниот филм „Пресвета Богородице, спаси не“ ги преставуваше градот Велес и Македонија на бројни фестивали во Русија и други источни земји.

0 comments:

Post a Comment

 
Copyright 2009 Словото. All rights reserved.
Free WordPress Themes Presented by EZwpthemes.
Bloggerized by Miss Dothy